ИСТОРИЈА

 

Национална кошаркарска асоцијација (НБА)
 
Националната кошаркарска асоцијација (НКА) (англиски: National Basketball Association (NBA) е професионална кошаркарска лига, која е составена од 30 тима (29 од САД и 1 од Канада). Таа е члан на САД Кошарката (USAB), која е препознатлива по Интернационалната Кошаркарска Федерација како Национално Власничко Тело (NGB) за кошарка во САД. НБА е една од четирите Главни Северно Американски спортски лиги, во која се Главната Бејзбол Лига (MLB), Националната Фудбалска Лига (NFL) и Националната Хокејска Лига (NHL).
 
Лигата беше формирана во Њујорк Сити на 6 јуни 1946, како Кошаркарска Асоцијации на Америка (BAA). Лигата го прифати сегашното име во 1949, откако се спои со ривалот Националнаta Кошаркарска Лига (NBL). Лигата раководеше со помалите индивидуални канцеларии преку главната канцеларија лоцирана во Олипик Тауер, на 645 Петта Авенија во Њујорк. НБА Забава и НБА ТВ се наоѓаат во Сеакуза, Њу Џерси
 
Историја
 
 
1940  БАА години
 
Кошаркарската Асоцијација на Америка беше основана во 1946, од страна на сопствениците на најглавните хокејски арени од Северно источен и Средно западен САД. На 1 ноември 1946, Торонто, Онтарио, Канада беше одржан првиот официјален НБА натпревар, каде Торонто Хаските ги пречекаа Њу Јорк Кникербоксерите. Но, ова не беше прв кошаркарски натпревар во Професионалните Американска лига, бидејќи Американската Кошаркарска Лига и НБЛ беа првите лиги кои играа натпревари во големите сали во големите градови. За време на овие рани години квалитетот на БАА не беше значително подобар од останатите лиги или од самостојните клубови како што се Харлем Глобтротерс. На пример, АБЛ финалистите во 1948, Балтимор Булетс се преместија во БАА и ја освои титулата во 1948. Шампионите од 1948 во НБЛ, Минеаполис Лејкерс ја освоија БАА титулата во 1949 година.
 
 
1950ти Раните години
 
 
На 3 август 1949, БАА се согласи да се со НБЛ, креирајќи ја Националната Кошаркарска Асоцијација. Новата лига имаше 17 тимови лоцирани во големите и малите градови, односно во големите арени и малите гимназиски сали. Во 1950 НБА го намали бројот на тимови на 11, а во 1954 ги намали на најмалку до сега, односно 8, од кои сите и денес се натпреваруваат (Никс, Селтикс, Вориорс, Лејкерс, Ројалс/Кингс, Пистонс, Хокс и Национал/76ерс)
 
Подоцна следеше преместување на тимовите од помалите во поголемите градови, Хокс се преместија од “Три Града“ (арена денес позната како Квад Сити) во Милвоки (во 1951), а подоцна Сент Луис (во 1954); Ројалс од Рочестер во Синсинати (во 1957), а Пистонс од Форт Вејн во Детроит (во 1957). Во 1960 Лејкерси се преместија во Лос Анџелес, а Вориорс во Сан Франциско, во 1963. Во наредната година Националните го напуштија Њујорк и повторно ја вратија кошарката во Филаделфија, а и воедно го променија прекарот од Национални во 76ерс. Единствено во ова време само Селтикси и Никси не се преселија некаде
 
Иако Јапонскиот Американец Ватару Мисака ја прекрши бојната кариера (спрема бојата на кожата) во сезоната 1947/48, 1950 беше пргласена за година на спојувањето. Оваа година беше сведок на внесувањето на Афр-Амерички играчи, како што се Чак Купер со Бостон Селтикс, Нат “Свитвотер“ Клифтон со Никс и Ерл Лојд со Вашингтон Капитолс.
 
За време на овој период, Минеаполис Лејкерс, предводени од центарот Џорџ Микан освои 5 НБА Финалиња и се докажаа како прва династија во лигата. За да се охрабри шутирањето и да се стопира држењето на топката без напад, лигата го претстави 24-секундниот часовник за шут во 1954. Ако тимот не постигне кош или топката не погоди дел од кошот во 24 секунди, топката му се доделува на противничкиот тим
 
Во 1957, руки центарот Бил Расел им се приклучи на Бостон Селтикс, кои веќе ги купија Боб Кази и тренерот Ред Оурбах, кои го предводеа Бостон до 11 титули од 13 сезони. Центарот Вилт Чемблент влезе во лигата со Вариорс во 1959 и стана доминантна индивидуа во 1960тите, поставувајќи го рекордот од 100 поени и 55 скока. Ривалството помеѓу Расел и Чембрлент е сѐ уште едно од најголемите индивидаулни ривалство во историјата на Американските тимски спортови.
 
 
1960ти: Династијата на Селтикси
 
 
Во 1960тите во НБА доминираа Бостон Селтикс. Предводени од Бил Расел, БобКузи и тренерот Ред Орбах, Селтикс ја освоија секоја титула од сезоната 1958–1959 до 1965–1966. Оваа низа од 8 титули по ред е најдолга во НБА историјата. Тие не повторија во 1966–1967, но ја освоија титулата во сезоната 1967–1968, исто така и во 1968–1969. Во овој период на доминација Селтикси одвоија 9 од вкупно 10 сезони во 1960тите.
 
Во овој период од НБА се карактеризирање со преместувањето на Минеаполис Лејкерс во Лос Анџелес, Голден Стејт Вориорс во Сан Франциско и Сиракуза Национал во Филаделфија , а и со неколку проширувања. Чикаго Пакерс (сега како Вашингтон Визардс) беа 9тиот тим во НБА во 1961. Од 1966 до 1968 лигата се прошири од 9 на 14 тима, примајќи ги Чикаго Булс, Сиетл СуперСоникс (сега како Оклахома Сити Тандер), Сан Диего Рокетс (кои се преместија во Хјустон по 4 години), Милвоки Бакс и Феникс Санс.
 
Во 1967, лигата се соочи со надворешни закани од страна на Американската Кошаркарска Асоцијација. Лигата почна да ја воведува надавачката војна. НБА го прими еден од најдобрите ѕвезди од колеџите во таа ера, Карим Абдул-Џабар (познат како и Лев Алкиндор). Но во секој случај, Најдобриот поентер Рик Бери, се премести во АБа, исто како и четири судии ветерани - Норм Друкер, Ерл Сторм, Џон Ванак и Џо Гуше.
 
 
 
1970ти: НБА против АБА
 
Американската Кошаркарска Асоцијација исто така беше успешна во потпишувањето со голем број на ѕвезди, вклучувајќи го Џулиус Ервинг од Вирџиниа Скваирс, бидејќи АБА дозволи тимовите да купуваат ги од студентите на колеџите. НБА ектремно брзо се прошири во овој период, затоша што од 1966 до 1974, НБА се прошири од 9 на 18 тима. Во 1970, Портланд Треилблејзерс, Кливленд Кавалирс и Бафало Брајвс (сега Лос Анџелес Клиперс) го направиа своето деби, со што лигата се прошири на 17. Во 1974 Њу Орлеанс Џез (сега во Јута) се приклучи кон НБА и се стигна до бројката од 18 тима. После сезоната 1976, лигата го достигна својот рекорд од 22 тима со приклучувањето на 4 тима од АБА кон НБА. Тие четири тима беа: Сан Антонио Спарс, Денвер Нагетс, Индијана Пејсерс и Њујорк Нетс, сега Њу Џерси Нетс. Најголем иѕвезди во таа ера беа: Карим Абдул-Џабар, Рик Бери, Дејв Ковенс, Џулиус Ервинг, Волт Фрејзер, Алтис Гилмор, Џорџ Гервин , Дан Исел, Пит Маравич.
 
1980ти: Меџик против Бирд
Лигата во 1979 го додаде и шутот за три поени за играта да се поотвоти, ова беше првична идеја на АБА. Истата година рукито Лери Брд и Ервин “Меџик“ Џонсон се приклучија на Бостон Селтикс и на Лос Анџелес Лејкерс соодветно, поттикнувајќи го овој период да ја заинтересира публиката во државата и целиот свет. Бирд им донесе 3 титули на Селтикси, а Меџик 5 на Лејкерси. Исто така во раните 80ти во НБА се вклучи и тимот на Далас Маверикс, со што се стигна до бројката од 23 тима. Подоцна Лери Брд ги освои првите два натпреварувања во тројки.
 
 
 
 
 
1990ти: Ерата на Џордан
 
 
Мајкл Џордан, влезе во лигаат во 1984, преку Чикаго Булс и го привлече интересот на публиката. Во 1988 и 1989, четири тима изразија желба да се приклучат кон НБА, а тие беа: Шарлот Хорнетс(сега како Њу Орлеанс Хорнетс), Мајами Хит, Орландо Меџик и Минесота Тимберволфс.
 
Џордан и Скоти Пипен ќе го предводат Чикаго Булс до 6 од 8 шампионски тиули за време на 1990тите, додека Хаким Олајџувон успеа еднаш да ја одбрани веќе освоената титула во ’94, освојувајќи ја титулата во ’94, за време на првото повлекување на Џордан од НБА.
 
Дрим Тимот на Олимписките Игри во 1992 ја освои оваа титула предводен од Џордан, а во негова сенка беа: Лери Брд, Меџик Џонсон, Дејвид Робертсон, Патрик Ивинг, Скоти Пипен, Клајд Дрекслер, Карл Мелоун, Џон Стоктон, Крис Мулин, Чарлс Баркли и Кристиан Лаетер.
 
Во 1995, НБА се прошири и во Канада со двата тима, Ванкувер Гризлис и Торонто Рапторс. Во 2001, Ванкувер се премести во Мемфис, osтавајќи gи Репторс единствениот тим од Канада.
 
Во 1996, НБА создава и своја женска лига (WNBA).
 
Во 1998, НБА беше “заклучена“ за 191 ден до 18 јануари 1999. Поради ова сезоната 1998-99 имаше 50, наместо 82 натпревари. Поради тоа што сите натпревари се играа во иста година, оваа сезона беше позната како 1999 НБА сезона. Сан Антонио го освои НБА плеј-офот со победата над Њујорк Никс на 25 Јуни.
 
 
2000ти: Доминацијата на Лејкерси/ Спарси
 
Со прекинувањето на серијата на Чикаго Булс во летото 1998, Западната конференција започна да доминира со ЛА Лејкерс и Сан Антонио Спарс, кои заедно освоиа 8 од 11 титули. Тим Данкан и Дејвид Робертсон ја освоија тутулата во 1999 со Сан Антонио Спарс, а Коби Брајант и Шекил О’Нил освои три титули со ред од 2000 до 2002. Во 2003 Сан Антонио ја вратија повторно титулата со победата над Нетс.
 
Во 2004, Детроит Пистонс успеа да ја прекине оваа серија со победата над Лејкерси од 4-1. Нaредната сезона Шекил О’Нил беше трансфериран во Мајами Хит. Шарлот Бобкерс стана 30тиот тим во НБА; Во 2005 Спарс ја освоија својата 3та титула.
 
Во 2006 два тима за прв пат се појавија во финалето. Мајами предводен од Двејн Вејд и Шекил О’Нил ја освоија титулата со победата над Далас Маверикс од 4-2, иако губеја со 2-0.
 
Доминацијата на Западната Конференција продолжи со победата од 4-0 на Сан Антонио во 2007 против Кливленд Кавалиерс, предводени од ЛеБрон Џејмс. Финалето во 2008 беше оживување на старото ривалство помеѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс, каде Бостон беше поуспешен, благодарејќи на неговата големата тројка Пол Пирс, Реј Ален и Кевин Гарнет. Но како и да е, во 2009, Лејкерси со Коби Брајант и Пау Гасол се вратија во финалето, овој пат победувајќи ги Орландо Меџик, предводени од Двајт Хауард за да ја освојат нивната 15та титула. Коби Брајант го освои својот прв НБА Финале МВП, после 13 сезони, откако ги предводеше Лејкерси до првата НБА титула после заминувањето на Шекил О’Нил.
 
Други новитети
 
Во 2001, НБА создаде пониска лига, Национална Кошаркарска Лига за Промовирање, сега наречена НБА Лига за Промовирање (Д-Лига). Пред да се создава оваа лига се ширеа гласини дека НБА ќе ја закупи ЦБА и ќе ја нарече рига за развивање, всушност Континенталната Кошаркарска Асоцијација (CBA) беше и “пониска“ лига од НБА. 20% од НБА играчите поминале некое време во оваа лига и преку 143 играчи од оваа лига се повикани да играат во НБА. [се бара извор]
 
Во 2004, две години по заминувањето на Хорнетс од Шарлот во Њу Орлеанс, НБА повторно се врати во Северна Каролина со формирањето на Шарлот Бобкетс.
 
Во 2005, Хорнетс се привремено се преселија во Оклахома Сити за две сезони. Ова беше последица на нанесените штети од Ураганот Катрина. Во 2007, Хорнетс повтоно се вратија во Њу Орлеанс.
 
На 29 јуни 2006, беше промовирана новата топка за играње, правејќи ја првата промена во 35 години и втората во сите 60 сезони. Изработката беше од Спалдинг, новата топка имаше нов дизајн и беше направена од нов синтетички материјал, за кој Спалдинг тврдеше дека ќе понуди подобар зафат, чувство, отпорност отколку постарата топка. Но во секој случај, многу играчи беа едногласни во презирот кон новата топка, велејќи дека таа е многу леплива кога е сува, а многу лизгава кога е влажна.
 
На 11 декември 2006, Комесионерот Стерн изјави дека на 1 јануари 2007 ќе се врати традиционалната кожна топка, која беше заменета за сезоната 2006/07. Оваа замена беше резултат на многуте жалби за повреди (исеченици) на играчите со топката од микрофибер. НБА Асоцијацијата на Играчи имаше предложено прилагодувања на топката во корист на НБА играчите кои беа против воведувањето на новата топка. ОД 2006 па наваму дресовите се изработуваат од Адидас, кој ги откупи правата од поранешниот производител Рибок.
 
На 19 јули 2007, ФБИ ги истражуваше тврдењата дека НБА ветеранот судија Тим Донаги се обложувал на натпревари во последните две сезони, кои и самиот ги судел и дека правел повици кои влијаеле на коефициентите за натпреварите. На 15 август 2007, Донаги поднесе молба до судот дека не е виновен за обвинението донесено од истрагата. Но како и да е, тој би се соочил со повеќе обвиненија доколку се утврди дека тој намерно судел во корист на некој од тимовите во натпреварите.
 
Во 2008, беше соопштено дека Сиетл СуперСоникс ќе се преместат во Оклахома Сити и ќе се преименуваат во Оклахома Сити Тандер, кој ќе започне да игра од сезоната 2008/09. Ова беше трета замена направена во оваа декада.
 
На 11 октомври 2008, Феникс Санс и Денвер Нагетс го изиграа првиот натпревар на отворено во модерната ера на Индиан Велс Тенис Арена
 
На 1 септември 2009, договорот помеѓу НБА и судиите истече. На 1 октомври, 2009, започнаа предсезонските натпревари, за судии се користеа судии од Женската НБА и од НБА Д-Лигата. Последната замена на судии се случи на почетокот на сезоната 1995-96. НБА и регуларните судии постигнаа договор на 23 октомври, 2009.
 
Тимови
 
НБА лигата беше основана во 1946 од 11 тима, но со проширувањата, намалувањата и преместувањата денес се дојде до бројка од 30 тима. САД е дома на 29 тима, додека 1 е лоциран во Канада. Бостон Селтикс имаат освоено најмногу титули, односно 17. Вториот тим по освоени титули е Лос Анџелес Лејкерс, кој има освоено 15 титули (10 во Лос Анџелес, 5 во Минеаполис), вклучувајќи ја и таа од последната сезона. Следни се Чикаго Булс со 6 титули, и тоа сите во временски период од 8 години во 1990тите и Сан Антонио Спарс со 4 титули, сите освоени после 1999.
 
Моментално во лигата има 30 тима, поделени во две конференции од по три дивизии, секоја со по 5 тима. Од распоред на дивизии на тимовите беше претставен во сезоната 2010/11.
 
 
РЕГУЛАРНА СЕЗОНА
 
За време на летната пауза, тимовите одржуваат тренерски кампови во Октомври. Овие кампови им овозможуваат на тренерите да ги согледаат можностите на играчите, предностите и слабостите на тимот, да ги спремат за ригорозната сезона од 82 натпревари и да ги определат активните 12 играчи и 3те неактивни играчи со кои ќе ја започнат сезоната. Тимовите исто така имаат можност да трансферираат играчи со две или повеќе годишно искуство во НБА Д-Лигата. После тренерскиот камп се играат неколку подготвителни натпревари. Регуларната сезона во НБА почнува во првата седмица од Ноември. Секој тим во сезоната игра 82 натпревари, по 41 на домашен и гостински терен. Секој тим се сретнува четири пати со секој тим од неговата дивизија (16 натпревари), со тимовите од останатите две дивизии од истата конференција се среќава по 3 или по 4 натпревари (36 натпревари) и по 2 натпревари со тимовите во другата конференција (30 натпревари).
Во 2008, НБА беше една од трите главни лиги во Северна Америка во која тимовите играат против сите останати тимови од лигата. (Останатите две лиги се Националната Хокејска Лига и Главната Фудбалска Лига). Секој тим го пречекува и му гостува на секој тим најмалку еднаш во сезоната.
 
 
Во февруари НБА прави пауза заради НБА Ал-Старот. Фановите преку гласање од САД, Канада и преку интернет ги избираат најдобрите од конференциите на секоја позиција. Оние кои имаат најмногу гласови ќе бидат стартери на тие позиции, додека останатите 14 играчи ги одбираат тренерите. Тогаш, Источната Конференција се соочува со Западната. Играчот со најдобри перформанси добиваАл Стар МВП. Покрај ова се случуваат и други натпреварувања, како што се Руки Натпреварот, каде најдобрите руки играчи играат против најдобрите играчи со двегодишен стаж во НБА; Натпреварот во вештини, каде играчите треба да поминуваат пречки, како што се шутирање, дрблање, подавање за што е можно помалку време; Натпреварот во тројки, натпревар каде што се гледа кој е најдобар шутер за тројки и Натпреварот во забивања, каде ѓто се гледа кој забива најатрактивно. Сите овие натпреварувања носат имиња на спонзори, поради што нивните имиња често се менуваат.
Веднаш по Ол-Стар паузата е крајниот рок на трансфер периодот, кој е поставен на 16тиот четвртокод почетокот на сезоната (обично во Февруари) во 15 часот Источно време. После овој датум, на тимовите не им е дозволено да прават никакви замени на играчи се до крајот на сезоната, но сепак ти можат сѐ уште да примаат и да отпуштаат играчи. Главните замени често се завршуваат веднаш пред крајниот рок на трансфер периодот, со што ова е еден од највозбудливите денови за генералните менаџери.
Во средината на Април, регуларната сезона заврушува. За време на овој период гласањето за индивидуални награди започнува, исто така и најчесниот, пост-сезонските тимови. Наградата НБА Шести човек на годината се доделува на најдобриот играч, кој влегувал од клупа (мора да има повеќе натпревари од клупа, отколку започнати). Наградата НБА Руки на годината се доделува на едногодишен играч, кој покажал најдобри квалитети. Наградата НБА Најмногу напреднат играч се доделува на оној играч за кој се смета дека покажал најголемо напредување во претходната сезона. Наградата НБА Одбранбен играч на годината се доделува на најдобриот дефанзивец во лигата. Наградата НБА Тренер на годината се доделува на тренерот, кој направил најголеми позитивни разлики во неговиот тим. НБА МВП се доделува на играчот за кој се смета дека е највреден за (неговиот тим) во сезоната. Додатно, “Sporting News“ доделува неофицијална (но широко призната) награда, НБА Извршувач на годината, на генералниот менаџер за кој е заклучено дека извршил најдобра работа во корист на неговиот тим.
Пост-сезонските тимови се Ол-НБА тим, НБА Ол-Одбранбен тим, и НБА Ол-Руки тим; секој составен од пет играчи. Има три Ол-НБА тимови, составени од најдобрите играчи на секоја позиција, каде што статусот во првиот тим е најпожелен. Има два Ол-Одбранбени тимови, составени од најдобрите дефанзифци на секоја позиција. Има два Ол-Руки тимови, составени од најдобрите едногодишно играчи безоглед на позициите.
 
ПЛЕЈ-ОФ
 
НБА Плеј-офот почнува при крајот на Април, со осум тима од секој конференција, кои се натпреваруваат за освојување на шампионатот. Победниците од трите дивизии, заедно со следниот тимови со најдобар скор од конференцијата ги добиваат првите четири места. Следните четири тима во зависост од нивниот скор се во долните четири места.