Чикаго победи во дербито на „Истокот“

Чикаго победи во дербито на „Истокот“

 

Чикаго беа поуспешни од Мајами во синоќешниот натпревар и триумфираа на домашен терен со 106-102 . Кај Чикаго отсутен беше Дерек Роуз, но се истакна Џон Лукас со 34 коша, а кај Мајами доминираше Двејн Вејд со 36 коша, додека пак Леброн Џејмс запиша само 1 помалку. Чикаго со оваа победа стигнаа до вкупно 36 во досегашната сезона, а Мајами сега имаат 11 порази.
 
 
Лос Анџелес Лејкерс славеа во продолжението од натпреварот против домашниот тим на Њу Орлеанс со 107-101 и ја забележаа четвртата последователна победа во сезоната. Коби Брајант беше најефикасен на натпреварот за Лејкерс со 33 коша и 5 асистенции, додека пак кај Њу Орлеанс тоа беше Џерет Џек со 30 коша и 6 асистенции.
Кај Бостон, Кевин Гарнет беше спасителот на вечерта и постигна дури 12 од вкупно 24-те коша во последната четвртина. Бостон успеа да слави над Голден Стејт со 105-103 и ја забележа вкупно 23-та победа во досегашната сезона, и покрај тоа што на натпреварот Голден Стејт дури 18 пати правеа пресврт во своја корист.
 
 
И вториот тим од Лос Анџелес стигна до победа во синоќешната натпреварувачка вечер, овој пат против Атланта. Конечниот резултат во Стејплс центарот гласеше 96-82 за Лос Анџелес Клиперс.