Клиперси по десет години славеа во Сан Антонио

 

Предводени од Крис Пол, кој уфрли 36 поени и имаше 11 асистенции, ЛА Клиперс славеа на гостувањето против Сан Антонио со 120:108.
 
 
Значаен придонес во првата победа после десет години на ова гостување имаше и Мо Вилијамс, кој реализира 33 коша со 7/9 шут за тројка.
 
Во редовите на Сан Антонио заради повреда отсуствуваше Тони Паркер, а Ману Џинобили беше прв стрелец со 22 поени.
 
Коби Брајант ги предводеше Лејкерси до триумф од 105:102 на гости над Минесота, а Ендрју Бајнам имаше биланс од 26 поени и 10 скока.
 
Тимбервулфс играа без Ол старот Кевин Лов, кој имаше проблеми со грбот, а во негово отсуство блескаше црногорскиот центар Никола Пековиќ со 25 поени и 13 скока.
 
Рики Рубио оствари 15 поени, десет асистенции и четири скока, но во последните 16 секунди го повреди коленото во судир со Брајант и не се врати на терен.
 
Големо изненадување направи Кливленд со победата од 96:90 на гости над Оклахома. Кавалирс ја прекинаа низата од 14 победи по ред на домашен терен на Оклахома, благодарение на серијата од 12:0 во финишот на мечот.
 
Ентоан Џејмисон постигна 21 поен за победничкиот тим, а Кевин Дурент даде 23 коша за домаќините.
 
Сакраменто - Далас 110:97
Денвер - Њу Орлеанс 110:97
Милвоки - Њујорк 119:114
Сан Антонио - ЛА Клиперс 108:120
Оклахома - Кливленд 90:96
Минесота - ЛА Лејкерс 102:105
Детроит - Атланта 86:85
Бостон - Портланд 104:86
Филаделфија - Јута 104:91
Шарлот - Њу Џерси 74:83