Лејкерси подобри од вечниот ривал Бостон

 

Во двобојот меѓу двата најтрофејни тимови во НБА лигата, во Стејплс центарот, ЛА Лејкерс во неизвесна завршница благодарение на серијата од 8:0 во последните две и пол минути го совлада Бостон Селтикс со 97:94
 
Коби Брајант постигна 10 поени во последниот период од вкупно 26 на мечот, а Ендју Бајнам придодаде 20 коша и 14 скока, надополнувајќи ја негативата од пет поени.
 
Селтикси не успеаја да го задржат водството, а во последниот напад Реј Ален промаши тројка за продолжение.
 
Најистакнат во гостинскиот тим беше Раџон Рондо со 24 поени и 10 асистенции.
 
Голден Стејт прокоцка 21 поен предност на гостувањето во ЛА против Клиперси, но на крајот сепак успеа да стигне до триумф од 97:93. Дорел Рајт уфрли 18 поени во првиот дел од вкупно 20 на мечот, а Монта Елис оствари 19 коша и 11 асистенции за „воините“.
 
Во редовите на Клиперси, кои по поразот го загубија првото место во Пацифичката дивизија, Блејк Грифин имаше учинок од 27 поени и 12 скока.
Една од причините за поразот на домаќините беше слабата реализација од линијата за слободни фрлања (16/35).
 
Никси продолжуваат со поразите и го претрпеа петтиот во низа, откако во Медисон Сквер Гарден загубија од Филаделфија со 94:106.
Лу Вилијамс постигна најмногу сезонава 28 поени, а Еван Тарнер придодаде 24 коша и 15 скока за третиот триумф по ред на „76-ките“.
Кармело Ентони со 22 поени беше најефикасен кај Никси, а Џереми Лин имаше 14 поени, седум асистенции и шест загубени топки.
 
Њујорк - Филаделфија 94:106
ЛА Лејкерс - Бостон 97:94
Орландо - Индијана 107:94
Торонто - Милвоки 99:105
Кливленд - Хјустон 118:107
Денвер - Мемфис 91:94
Сакраменто - Атланта 99:106
ЛА Клиперс - Голден Стејт 93:97