Tracy McGrady : Двајт Хауард треба да остане во Орландо

Tracy McGrady : Двајт Хауард треба да остане во Орландо

 

Еден од најдобрите стрелци во историјата на Орландо Меџик,Трејси МекГиди верува дека најдобриот скокач во Орландо Меџик,Двајт Хауард треба да остане во Орландо.''Да сум на негово место јас би останал''-рече МекГиди за центарот на Меџик.''Каде сака да оди тој?Зошто сака да замине во Њу Џерси ? Па погледнете ја нивната екипа.''
 
Како што се повеќе и повеќе се приближува 15 март и последниот ден е дозволено да се направи трејд,секако дека најголемото прашање кое сите ке си го постават е што се ке се случи со Хауард,трикратниот најдобар скокач во лигата кој се уште бара трејд.Нетси (13-27) се една од трите екипи кој Хауард потврди дека би сакал да оди,а другите две се Лејкерси и Маверикс..А што би понудиле Лејкерси,кој ги имаат Гасол и Бајнам на Орланда,додека пак Далас нема никакви средста за понуда....
 
МекГиди кој беше најдобар стрелец за Меџик во сезоните 2002/03 и 2003/04 и кој моментално игра за Атланта,верува дека нема смисла за Хауард кој може да ја одигра оваа цела сезона и да стане слободен играч,и да го напушти Орландо(25-15) наскоро.
 
''Мислам дека на него е да донесе играчи кој би му помогнале во Орландо'' изјави МекГиди средата кога Атланта изгуби на гостувањето против Мајами Хит.''Орландо е одличен град.Времето е одлично.Хауард е таму веќе 8 години.Тој е еден од оние играчи кој требаат да останат со својата екипа и после пораз и после победа.Тревата не е секогаш позелена на другата страна.Па и тој има нешто добро во Меџик.Зошто да си заминеш од негде ако не знаеш што може да се случи ?''
 
Но повторно и МекГиди исто така го напушти Орландо после кариерата од 2000 до 2004 година.
 
''Но јас немав екипа каква што тој има''.-рече МекГиди кој беше пратен во Хјустон во март 2004 година,како што и Хауард има опција на лето да си оди како слобден играч.''Не беше ни блиску''.Постои добра причина зошто јас си заминав.Но мојата одлука е поптполно поинаква од онаа неговата.''