Тренерот на Њујорк поднесе оставка, Никси конечно победија

Тренерот на Њујорк поднесе оставка, Никси конечно победија

 

Тренерот на Њујорк Никс, Мајк Д’Антони поднесе оставка на клупата на Никси.
 
По негирањето на Кармело Ентони дека побарал трампа и дека е во лоши односи со тренерот Мајк Д’Антони, тренерот на Никси поднесе оставка.
 
Никси синоќа победија против Портланд со 121-79 по серијата од шест порази во низа, а најмногу критики за слабите игри имаше токму на сметката на Д’Антони.
 
Д’Антони на клупата на Њујорк имаше скор од 121 победи и 167 порази.